Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едногласно формирана Анкетна комисија за скандалот на Онкологија

/

пред 1109 дена

Сподели преку :

Со двотретинско мнозинство, формирана е Анкетна комисија за скандалот на Онкологија. Власта и опозицијата едногласно одлучија да се бара одговорност од сите што го злоупотребиле белиот мантил и довербата на тешко болните пациенти, независно на која партија и припаѓаат.

Сите 82-ца присутни пратеници го дадоа својот глас за формирање Анкетна комисија која треба да утврди политичка одговорност на владини и здравствени функционери во скандалот со злоупотребата на терапија на Онкологија.

Лекарите – пратеници од сите партии побараа да не се оцрнува целата лекарска фела и целата Клиника за радиотерапија и онкологија. Одговорните треба да се именуваат.

Комисијата ќе брои 13 члена, од кои: 6 предложени од ВМРО ДПМНЕ, 4 од СДСМ, 2 од ДУИ и 1 од Алијанса. Опозицискиот блок на Албанците побара да учествува но беше одбиен заради неорганизираност во пратеничка група.

Соња Николовска