Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Египет предлага план за прекин на огнот во Газа

/

пред 1037 дена

Сподели преку :

Најмалку 70 лица загинале во израелски воздушни напади врз бегалски камп во централна Газа, кои следуваа по, досега, најкрвавиот викенд на борби меѓу Хамас и Израел во Појасот, и египетскиот предлог за прекин на огнот. Израелскиот премиер Нетанјаху вчера изјави дека и покрај загубите, Израел нема друга опција освен да продолжи со операцијата во Газа.

„Ќе продолжиме да се бориме се до комплетна победа над Хамас. Тоа е единствениот начин да ги вратиме нашите киднапирани, да го елиминираме Хамас и да се осигуриме дека Газа повеќе нема да претставува закана за Израел. Ќе биде потребно време, но ние сме обединети, војниците, народот и владата. Обединети сме и решени да се бориме до крај“, порача Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Целта на египетскиот предлог не е само прекин на борбите, туку и создавање основа за завршување на војната. Се состои од три дела, односно три фази, од кои првите две се со времетраење од по една недела, а третата е еден месец. Во нив се предвидува ослободување на сите заложници и заробеници од двете страни а последната трета фаза треба да заврши со повлекување на Израел од Газа и прекин на воздушните напади во појасот.

Не се очекува овој предлог да биде прифатен, но извори и од двете страни за светските медиуми изјавиле дека го гледаат како добра основа за повторно отварање на преговорите кои пропаднаа во Катар. Преговорите овој пат наместо во Катар ќе се одржуваат во Египет, но заливската земја повторно ќе биде посредник заедно со САД.

Во меѓувреме, најголемите светски поморски транспортери соопштија дека ќе повторно ќе почнат да ги испраќаат своите бродови преку Црвеното море, откако меѓународна поморска мисија беше распоредена во регионот за обезбедување на транспортот. Бродовите го избегнуваа Црвеното море откако Хути бунтовниците во Јемен се солидаризираа со Палестинците и започнаа да ги напаѓаат бродовите со беспилотни летала. Тоа ги натера САД да формираат коалиција во која покрај нив учествуваат Обединетото Кралство, Франција, Шпанија, Норвешка, Италија, Холандија, Канада и Бахреин.

Игор Трајков