Македонија се уште не ги спровела уставните измени на кои се обврзала дека ќе ги спроведе, а подготвeноста на земјава за пристапување во ЕУ оваа година е оценето со генерална оцена помеѓу одредено подготвена и умерено подготвена. Ова е дел од заклучокот за Македонија во најновата Стратегијата на Европската комисија за процесот на проширување и Извештајот за напредокот на земјава во процесот на евроинтеграции при што од неа се очекува да продолжи да испорачува во делот на реформите, особено во судството и борба против корупцијата и организираниот криминал.
- „Европската комисија очекува Северна Македонија забразано и одлучно да го следи скрининг извештајот за Кластерот Основи, вклучително и патоказите согласно преговарачката рамка, со цел да се отвори првиот Кластер најбрзо што е можно, кога потребните услови за тоа ќе бидат исполнети. Потребно е понатамошно интензивирање на темпото на реформите. Северна Македонија треба да преземе неопходни чекори за да напредува во пристапниот преговарачки процес и ефективно да ги имплементира неопходните реформи, пред се во делот на владеење на правото, правдата и борбата против корупцијата“, стои во Стратегија за проширување на Европската комсиија за 2024.
Во Извештајот за напредокот пак Комисијата констатира дека нема напредок во борбата против корупцијата, а ограничен напредок е постигнат во јакнење на независноста на судството, јакнење на легислативата за заштита на фундаменталните права и реформа на јавната администрација.
- „Северна Македонија е помеѓу одредено ниво на подготвеност и умерено ниво на подготвеност и не направила напредок во спречувањето и борбата против корупцијата. Корупцијата останува распространета во многу области и е прашање кое предизвикува сериозна загриженост“, пишува во Извештај на ЕК за напредокот на Македонија за 2024.
Комисијат притоа констатира дека препораките кои и ги дала на земјава во областа на борбата притив корупцијата бидејќи не биле целосно исполнети, важат и за оваа година, како што е носење на нов Кривичен законик согласно европските и меѓународни стандарди, спроведување на националната стратегија за борба против корупцијата, како и јакнење на институциите како Народниот правобранител и Аниткорупциската комисија.
И во судството каде пак е забележан ограничен напредок во делот на јакнењето на неговата независност важат препораките од лани, особено за носење на Законот за граѓанска постапка согласно еропските стандарди, имплементација на новата стратегија за судските реформи, како и јакнење на Судскиот совет преку законски измени и согласно препораките од оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет. И АКМИСОТ останува во препораките на Комисијата за судството, меѓу другото да биде целосно функционален.
И во делот на борбата притив организираниот криминал за земјава остануваат препораките кои ЕК дадеи лани.
- „Подобрување на следењето на истрагите, гонењето и обвиненија за организиран криминал, финансискиот криминал и случаите на перење на пари, со фокус на враќање и конфискација на средства од кривични дела“ наведено е во Извештај на ЕК за напредокот на Македонија за 2024.
Во економските области земјава има подобар скор, како на пример, постигнато добро ниво на подготвеност за развој на функционална пазарна економија, умерено подготвена во делот на јавните набавки и финансиската контрола, каде во изминатата година земјава постигнала ограничен прогрес. Во делот на слободно движење на стоки земјава иако е умерено подготвена, се уште не успеал целосно да го усогласи законодавството со европското, поради што се констатира дека во таа област не е постогнат напредок. Земјава е умерено подготвена и во делот на слободното движење на капиталот.
Македонија има добро ниво на подготвеност во делот на надворешни односи, како и во надворешната, безбедносната и одбранбена политика со таа на ЕУ.
Во делот на добрососедските односи на земјава Европската комисија за Бугарија констатира дека изминатите месеци односите меѓу двете земји се нарушени поради изјави на одредени политичари, поради што е потребно, како што се наведува, промовирање на атмосфера на дијалог и взаемно почитување.
- „Мерливи резултати и имплементација во добра волја на билатералните договори, како Договорот за добрососедство и пријателство и неговиот Протокол, остануваат важни“, стои во Извештај на ЕК за напредокот на Македонија за 2024.
И во одосите со Грција се нотира дека е важно постигнување за мерливи резултати и имеплементација на билатералните договори, вклучително и Преспанскиот договор, со костатација дека релациите меѓу двете земи во изминатиот период се интензивирале, пред се областите од взаемен интерес.
Тамара Грнчароска











