Еколошката катастрофа во Kрива Река е очекувана за струмичките еко активисти. Тие велат дека ова е последица на она што го предупредуваат последните осум години – дека рудниците кои работат со цијанид се потенцијална еколошка бомба над секој регион.
Според нив, Македонија е премала земја за да има тешка и загадувачка индустрија од ваков тип.
Еколошките здруженија предлагаат итни мерки кои ќе вклучуваат драконски казни и строга законска регулатива за да се делува превентивно со индустриските капацитети кои се закана за екосистемот и целата животна средина.
Последниве осум години Југоистокот на македонија се бори против отворање на рудници на негова териотија.
Граѓанските здруженија поттикна и локални референдуми, но издејствуваа и законски измени со кои на новоотворените рудници имс е забранува употреба на цијанид во рпеработката на рудата.
Сузана Мицева











