Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Велика Британија и технички е во рецесија, за првпат по 11 години

/

пред 2243 дена

Сподели преку :

Економијата на Велика Британија претрпе најголем пад помеѓу април и јуни, бидејќи мерките за запирање на  ширењето на новиот коронавирус официјално ја турнаа државата во рецесија.

Британската економија опадна за 20,4 отсто во однос на првите три месеци од годината.

Со тоа, Британија технички влезе во рецесија, дефинирана во два последователни квартала со економски пад.

Ова е првпат Британија да се најде во рецесија од 2009 година.

Официјални лица изјавија дека економијата започна да закрепнува во јуни, откако владините мерки наметнати за коронавирусот почнаа да се олеснуваат.