Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За 50 % намалени нарачките во текстилните фабрики во Штип

/

пред 2282 дена

Сподели преку :

Проблемите во текстилниот сектор доправа доаѓаат, алармираат од штипскиот текстилен кластер, а од Невладината Гласен Текстилец бараат да се почитуваат законите за работниците. Изминатите три до четири месеци работодавците успеале да опстојат и да ги зачуваат работните места, со шиење на маски и скафандери.

Но анализите покажуваат дека нарачките се за 50 % намалени. Само чудо може да се случи за да се подобри состојбата во овој сектор во наредниот период.

Од друга страна граѓанската активистика, Кристина Ампева алармира работодавците да ги почитуваат законите за работниците, бидејќи деновиве се забележани случаи во фабриките, во кои на работниците им се нуди да се префрлат на 4 часа работно време или да потпишат договори на определено.

Илзез од состојбата бараат и работодавците и од Гласен Текстилец, едните преку нови партнери, а вторите преку европски примери за заштита на работниците.

Корона кризата времено затвори дел од конфекциите, некои веќе ги вратија работниците во халите, а од вчера една пробиштипска конфекција е затворена, работодавецот ги пуштил работниците на годишен одмор по појавата на вирусот. Според анализите , во Април година текстилството останало без 10 % од вработените.

Викторија Јованова