Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нафтени деривати има, но има и “воени профитери” кои го кријат горивото, велат од Регулаторната комисија за енергетика

/

пред 1690 дена

Сподели преку :

Од РКЕ велат дека нафтени деривати има, а трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката. Но, како што пренесува МИА, Регулаторната наведува дека дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата, со што оставаат впечаток дека нема гориво.

„На тој начин си прават „залиха“, која би ја продавале по нови цени што на некој начин во услови на криза е воено профитерство“, посочуваат од РКЕ.

Од регулаторната комисија за енергија објаснуваат и дека денеска добиле укажувања од поголем број потрошувачи дека одредени трговци на мало со нафтени деривати ја ограничувале количината, односно сумата до која точеле и продавале гориво. РКЕ најавува и преземање на законски мерки за трговците кои не се однесувале согласно законот.