Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема услови за воведување на кризна енергетска состојба, нема доволно резерви на јаглен-средба на секторот за енергетика во Економија

/

пред 1823 дена

Сподели преку :

По средбата на претставници на енергетскиот сектор со министерот за економија Крешник Бектеши заклучено е дека нема услови за воведување на кризна енергетска состојба, како можна мерка за проблемите со производство и снабдување со струја.

Како што јавува новинарката на Телма, Александра Филиповска, министерот Крешник Бектеши тврди дека состојбата ќе биде стабилна до Нова година.

-Сакам да ги убедам граѓаните дека до наредната година нема да има покачување на цените затоа што цената на струјата веќе е утврдена, рече Бектеши.

Министерот Бектеши изјави и дека нема доволно резерви на јаглен, но пред новинарите не прецизирал за колку дена има резерви.

Поради тоа се увезува јаглен за да се задоволи производството на енеергија, откако во работа е пуштен уште еден блок на РЕК Битола.