Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оризопроизводители од нивите на улица- бараат повисока откупна цена

/

пред 1843 дена

Сподели преку :

Ниската откупна цена на оризот и  арпата, зголемените цени на репроматеријалите пред самиот старт на жетвата ги вади кочанските оризопроизводители од нивите на улица. Во амбарите стои една четвртина од ланската реколта, наместо да почнат со жетва во вторник ќе го блокираат патот Штип Кочани.

Оризопроизводителите велат дека во моментов цената на арпата е од 15 до 18 денари, а цената секогаш им паѓа кога добиваат субвенции. Сметаат дека откупувачите манипулираат и бараат заштита од државата. Меѓу барањата се забрана на увоз на ориз, за да се заштити домашниот кочански ориз и да се дефенира произведна цена.

Во изминатите две години петпати е блокиран патот Штип-Кочани од страна на оризопроизводителите. Ги повикаа актуелните пратеници од третата изборна единица, но и првите луѓе од власта да дојдат и да им ги слушнат барањата.

Викторија Јованова

https://youtu.be/w9v01TeAHys