Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СМАРТ кредит преку картичка – нов кредит од Комерцијална банка АД Скопје

/

пред 2152 дена

Сподели преку :

Комерцијална банка АД Скопје им понуди на граѓаните нов продукт – СМАРТ кредит, кој овозможува користење на потрошувачки кредит и на кредитна картичка во едно. Корисникот располага со максимум 400.000 денари, кои ги троши секогаш кога има потреба од нив.

 СМАРТ кредитот е со едноставна процедура за одобрување и без ограничен рок на важност. Овој кредит има уште една поволност за корисниците, во случај на спреченост за отплата вклучува осигурување без надомест, преку Триглав Осигурување АД Скопје.

Расположивите средства од кредитот се достапни 24 часа на ден преку банкомат, а во секое време преку услугите Интернет банка, мБанка и SMS банкарство може да се следат промените во состојбата на сметка.

СМАРТ кредитот е креиран со цел да излезе во пресрет на потребите на граѓаните на кои им треба финансиска поддршка со лесен пристап до средствата тогаш кога имаат потреба од нив.