Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телма дознава по која цена ЕСМ ќе ја снабдува со струја ЕВН хоме

/

пред 1757 дена

Сподели преку :

Според информациите до кои дојде Телма, ЕСМ ќе ја продава произведената електрична енергија за 41 евро наместо досегашните 36,1 евро за мегават час (mwh).

ЕСМ ќе понуди 100 проценти од потрошувачката за домаќинствата на новиот петти тендер по ред кај ЕВН хоум, а надлежните досега не ја објавија цената од 41 евро во јавноста официјално.

Одлуката е донесена на затворена владина седница во вторник.

После понудата ќе почне да се формира цената за домаќинствата, а надлежните тврдат дека покачувањето на сметките ќе биде најмногу 10%. Во новата цена ќе треба да се вкалкулираат и барањата на трговците за нивни пријавени загуби кои што ќе бидат разгледани од РКЕ.