Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

306 фирми земале државна помош за плати во декември, а плата не добиле близу илјада вработени

/

пред 2073 дена

Сподели преку :

Нови 306 компании се најдоа на црниот список на УЈП. Земале повеќе од 16 милиони денари од државата среде Ковид-криза, а не ги искористиле за тоа што се наменети – исплата на декемвриските плати за вработените.

Оштетени се близу илјада вработени кои не земале плата. Но, од УЈП уверуваат дека компаниите нема да им се провлечат на институциите. Фирми коишто се занимаваат со трговија на големо и мало, фирми за готвење оброци и служење храна, фирми за превоз – се само дел од оние што не постапиле според правилата.

Добиле опомени и ако не го испочитуваат рокот – ќе се случи присилна наплата.

Ова не е единствен случај откако трае кризната состојба заради Ковид-пандемијата. И претходните месеци компании се осмелија да земат финансиска помош за плати, а да не дадат плати. Обвинителството е запознаено со тоа, на нив е да постапат.

Денес туристичките агенции и водичи, како и многу други субјекти периодов, побараа континуирана финансиска поддршка за опстанок на туристичкиот сектор и за да се зачуваат работните места.

На прашање дали сите коишто побараа ваква помош ќе ја добијат, Лукаревска одговори дека финансиските тимови во надлежните институции работат на тоа сите коишто се најзасегнати во кризата да добијат соодветна помош.

Во меѓувреме, се очекува и петтиот сет мерки на Владата во Корона-кризата.

Петар Догов