Македонската енергетска асоцијација бара итна средба со владата и регулаторната комисија, на која ќе ги презентира мерките и планот со кој од таму сметаат дека ќе може полесно да се надминат проблемите со струјата оваа зима.
Велат дека мерки се потребни веднаш и сега.
Мора да се најде и решение за да не се користи струја од европската мрежа затоа што годинава таа привилегија земјава нема да ја има.











