Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бизнис Објектив: Има ли државата стратегија за обнова на возниот парк?

/

пред 215 дена

Сподели преку :

Иако расте увозот на нови автомобили, возниот парк во Македонија и натаму старее. Минатата година од вкупно 60.459 увезени патнички возила, само 13.654 биле нови, додека најголемиот дел биле половни автомобили. Во исто време, додека Европа и светот се пренасочуваат кон поеколошки, електрични и хибридни возила, просечната старост на автомобилите на македонските патишта достигна 19,4 години.

Дали цената, стандардот, даночната политика или недостиг од субвенции  за електрични возила се клучните причини за стариот возен парк во Македонија? Во која насока треба да се размислува и делува за да се променат состојбите – кон почист транспорт, помало загадување и помодерен автомобилски пазар? На оваа, но и други теми повеќе во емисијата „Бизнис Објектв“ со Наташа Стојановска, секоја недела од 20:15 часот.