Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Георгиева: ММФ предвидува глобален економски раст од 3 %

/

пред 913 дена

Сподели преку :

Силната економска активност во САД и пазарите во развој, ќе помогне да се поттикне глобалниот економски раст за околу 3 % оваа година, вели директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева.

Таа истакна дека, според претходните мерења, економската активност во светот е слаба, но и дека долгот расте, што се два големи предизвици за јавните финансии во многу делови од светот.

Најавувајќи ја економската проекција и долгорочните перспективи, Георгиева посочи дека без корекција на курсот, ситуацијата ќе се движи кон „Млака, бавна и разочарувачка деценија“.

Предвидената стапка на раст од најмалку 3 % е над минатогодишната проекција, но историскиот просек е 3,8 %.

ММФ и Светска банка ќе ги одржат своите пролетни состаноци следната недела во Вашингтон, каде што министрите за финансии, централните банки и креаторите на политики ќе разговараат за најважните економски прашања во светот.