Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Граѓаните уште два месеца ќе се шокираат од цените – првите мерки ќе стапат на сила во ноември

/

пред 1128 дена

Сподели преку :

Првите мерки за заштита од ценовни шокови, се очекуваат да стапат на сила од ноември. Уште два месеца граѓаните ќе се снаоѓаат.

Што точно ќе биде донесено се уште не се знае. Вицепремиерто Битиќи, како и неговите колеги Бесими и Бектеши потенцира дека ќе бидат за ранливи категории, а не за трговијата, со што се отвора прашањето дали ќе има замрзнување на цени и ограничени маржи, или пак ќе биде ограничена помош за одредена категорија на граѓани. Тој бил денеска на средба со првиот човек на комисијата за заштита на конкурентноста и тврди дека во најскоро време комисијата ќе направи проверка дали има карталско договарање на цени, но колку ќе трае постапката не се знае затоа што процесот е долг и може да трае и цела година.

Битиќи очекува на денешната владина седница да се донесат и мерки за млечната криза.