Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Овчеполските земјоделци го жнеат јачменот, лебното зрно во јули- бараат повисоки откупни цени

/

пред 1574 дена

Сподели преку :

Земјоделците од Овчеполскиот регион половина од јачменот ќе го складираат во амбарите. Причината е што е во екот на жетвата откупната цена му е 15,5 денари за килограм. Цената е повисока од лани, но скапите репроматеријали и приносите од два до три тони по хектар не им ги покриваат трошоците. Очечуваат есенската сеидба да биде уште поскапа.

Земјоделците пресметале дека трошоците за жетва ќе ги чини од 8.000 до 10.000 денари. Во моментов ја чекаат производствената цена на лебното зрно, која според нив треба да е 22 денари. Климатските промени и лошиот семенски материјал и годинава ќе ги намали приносите на пченица во Овче Поле.

Приносите од јачмен засеани на 48.000 хектари ќе ги задоволи потребите на македонските сточари, но пченицата која е на околу 78.000 хектари нема да ги задоволи потребите на млиновите. Според пресметките нашите земјоделци произведуваат 253 илијади, а потребите на мелничарите се од 300 до 330 илијади тони лебно зрно.  Јачменот во моментов се жнее, а пченицата ќе стартува во јули.

Викторија Димитрова Јованова