Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ предлагаат двојно намалување за репрезентативност на синдикатите, премиерот тврди било договорено

/

пред 494 дена

Сподели преку :

Нов закон по скратена постапка предложија 9 пратеници од владеачката коалиција (7 се од Вреди) и се однесува на синдикалното организирање во државата. Пратениците предлагаат за двојно да се намали репрезентативноста на синдикати кои би биле вклучени во преговорите за подобри работнички права. Во моментот тој праг е 10%, а се предлага во иднина репрезентативен да биде секој синдикат кој има 5% од „вкупниот број на вработени во Република Северна Македонија кои плаќаат членарина на синдикатот“.

Во образложението на предлог законот стои дека на тој начин претставувањето на работодавачите и синдикатите во Економско сосцијалниот совет ќе биде еднакво односно дека со измената „се врши изедначување на условите за определување на репрезентативност на синдикатите со организацијата на работодавачите и се одредува ист процент од 5%“.

Од Синдикатите засега нема реакција иако со усвојување на измените во скратена постапка можно е да се зголеми составот на Економско социјалниот совет во пресрет на важни преговори за Општ колективен договор.

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека измената била договорена на средбите на Советот.