Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Екс министерот Сали не знаел дека постои КАТО систем на Онкологија и дека не е во функција

/

пред 1089 дена

Сподели преку :

Поранешниот министер за здравство Беким Сали е првиот сведок кој се појави и сведoчеше пред собраниската анкетна Комисија за случајот со Клиниката за Онкологија. Тој одговараше на прашањата на членовите на комисијата и неколку пати нагласи дека не знаел за кражби на цитостатска терапија и манипулации со неа, а го разрешил директорот Васев бидејќи не постапил по неговите барања и упатства.

Сали кажа и дека институциите знаеле за лошата финансиска состојба и отсуство на контролни механизми и протоколи на Клиниката, но не реагорале. Зошто не го разрешил економскиот директор немаше прецизен одговор.

Колку бил запознаен со состојбата на Клиниката за Онкологија беше прашањето на пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ, Иванка Василевска.

Екс министерот дециден, ниту знаел ниту некој му кажал дека постои таков систем кој фаќа прав заклучен во просторија.

За пратеникот Зоран Гоцевски од ВМРО-ДПМНЕ е симптоматично што ниту при примопредавањето на функцијата Сали не бил известен дека постои систем, но дека не е во функција

За претседателката на Анкетната Комисија, Мизрахи, отсуството на контрола и законски механизми е еднакво на изрекување на смртна казна на пациентите на Клиниката, казна која е забранета со Устав, а своите обврски не ги исполниле МАЛМЕД, Фондот за здравство, државниот здравствен и санитарен инспекторат и Лекарската комора.

Пред комисијата ќе сведочи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а членовите од Комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ предложиле листа со 44 сведоци кои треба да бидат сослушани. Иако не е потврдено се очекува пред пратениците да се појават директорите на Клиниката, на Фондот за здравство, МАЛМЕД и инспекторатите.

Огнен Чанчаревиќ