Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Екс претседателката на Антикорупциска комисија Татјана Димитровска не се чувствува виновна

/

пред 174 дена

Сподели преку :

Екс претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во кривичниот суд се произнесе дека не се чувствува виновна. Обвинета е за две кривични дела оддала службена тајна на Небојша Стојановиќ обвинет во Адитив но и дека ревизорот Миле Столевски во нејзино име го полагал тестот за сертификат „државна тајна“. Негираа вина и Столевски и обвинетата Билјана Мантева од Тец Неготино.

„Ја разбирам содржината на обвинението и не ги признавам делата. Не се чувствувам виновна. Не сум сторила ништо за што сум обвинета“, изјави Татјана Димитровска, обвинета.

Нејзиниот адвокат побара обивнителството да го повлече обвинението вели доказите покажуваат дека нема кривично дело. Во одно на делото комјутерски фалсификат, не оспорува дека имало комуникација меѓу Димитровска и Столевски но вели таа била во насока на пополнување на апликацијата, како помош.

Обвинителите дополнително ќе се произнесат за доказите на Димитровска, но велат дека имаат доволно докази во потрепа на обвинението

Азизи потврди дека обвнителството паралелено постапува и по сите податоци екстрахирани од телефонот на Димитровска и се прават и дополнителни проверки и анализа.
Денеска почна изведувањето на материјалните докази. Одбраната предложи и сведоци.

Елена Ивановска Мукоска