Пеце Мирчески доби 30-дневен притвор, откако судија на претходна постапка при основниот Кривичен суд Скопје постапи по предлогот на Основното јавно обвинителство за поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на владата.
Обвинителството покрена истрага против Мирчески за примање поткуп и злоупотреби во службата. Како директор, примил возило од рент-а-кар фирмата која добивала тендери со негова согласност за судир на интереси.
Неговата сопруга, дополнително, користела услуги за превоз со возила и возачи. А, Мирчески во патување до Софија, сам на себе си потпишал патување како новинар.











