Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Експерти работат на нов закон кој ќе го замени балансерот

/

пред 728 дена

Сподели преку :

Работна група од експерти подготвува нов Закон за правична застапеност, а министерот за јавна администрација Горан Минчев не е дел од неа.

Владата уверува дека новото решение ќе биде согласно Уставот, но на јавноста ќе и биде дадено на увид откако целосно ќе биде дефинирано.

Истото пред да биде доставено до Собрание за гласање ќе биде проследено и до Венецијанската комисија.

Прашан дали го видел писмото на лидерот на ДУИ во врска со „неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата, премиерот Мицкоски денеска потврди дека го прочитал и прокоментира дека е поминато времето кога политичарите можеле на тој начин да влијаат на одлуки на судии и на обвинители.