Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Експлозии пред израелските амбасади во Данска

/

пред 749 дена

Сподели преку :

Данската полицијата соопшти дека две експлозии рано изутрината се случиле во близина на израелската амбасада во Копенхаген, поради што еврејско училиште кое е во близина денеска ќе остане затворено.

Полицијата соопшти дека никој не е повреден и дека е во тек истрага дали има поврзаност меѓу експлозиите и израелската аамбасада, во чија непосредна близина има и неколку други амбасади. Тие одбија да кажат дали некој е уапсен. Областа е опколена со тешко вооружени офицери, кучиња трагачи и форензички тимови кои вршат увид. Синоќа и областа околу израелската амбасада во Стокхолм беше затворена откако беше пријавен силен тресок. Полицијата подоцна објави дека амбасадата била погодена со куршуми.

  • Она што се случи е дека синоќа се две експлозии во близина на улиците Страндагервеј и Лундевангсвеј. Можам да ви кажам дека никој не беше повреден во експлозиите, а потоа исто така започнавме првична истрага и обемни истражни акции. Од сега со часови ќе бидеме присутни во оваа област. Воведовме зголемено полициско присуство во однос на безбедноста, изјави Џејкоб Хансен, заменик помошник комесар.