Ирански дрон погоди паркинг простор во близина на американскиот конзулат во Дубаи, предизвикувајќи помал пожар, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Тој нагласи дека целиот персонал во конзулатот е безбеден и дека дел од вработените биле повлечени превентивно пред нападот.
Иако интензитетот на иранските напади е намален, инцидентот покажува дека Техеран сè уште успева да пробие дел од американските одбранбени системи… Видео објавено на социјалните мрежи прикажува силна експлозија и густ црн чад во близина на дипломатскиот објект, додека минувачите бегаат од местото.
Властите на Обединетите Арапски Емирати соопштија дека пресретнале најголем дел од повеќе од 1.000 ирански ракетни и дронови.
Меѓувреме, Стејт департментот нареди евакуација на несуштински персонал и членови на нивните семејства од неколку земји во регионот, а американските државјани беа повикани да го напуштат Блискиот Исток.











