Еден од најекстремните членови на десничарската влада на Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, Безалел Смотрич, се закани денеска дека јужните предградија на Бејрут, каде шиитската милитантна група Хезболах има свои сили ќе наликуваат на Хан Јунис, градот во Газа кој Израел го срамни со земја во текот на двегодишната војна во палестинската територија.
Израелската армија ги повика сите жители на јужните предградија на Бејрут да се евакуираат, за да ги спасат своите животи, најавувајќи на тој начин дека планира да спроведе жестоко бомбардирање на регионот.
„Сакавте да ни донесете пекол, но себеси си донесовте пекол“, изјави Смотрич, еден од највоинствените членови на десничарската влада на Израел.
„Данија ќе наликува на Хан Јунис. Нашите жители од Северот ќе живеат во мир и безбедност“ – додаде Смотрич.
Повеќе држави му забранија влез на Смотрич на својата територија, замрзнувајќи ги истовремено неговите средства, заради повиците на екстремно насилство и сериозно прекршување на човековите права на Палестинците. Тоа се Обединетото Кралство, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Норвешка, Словенија, Холандија и Шпанија.











