Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Енергетско економските прашања пред политиката и евроинтеграциите со северниот сосед

/

пред 753 дена

Сподели преку :

Србија ќе добива природен гас од Грција преку Македонија. За таа цел владите на двете земји, Македонија и Србија, денеска потпишаа Меморандум за соработка во делот на енергетиката рударството и минералните суровини и се обврзаа дека тоа ќе им биде приоритет.

За Србија интерконекторот е стратешка одлука која ќе и овомозжи дополнителен избор за снабдување со природен гас. Српскиот премиер 2027 ја посочи како краен рок за завршување на интерконекторот.

Освен енергетското поврзување, двајцата премиери зборувале и за важноста на железничкотот проврзување, поточно за брзата пруга во делот на Коридорот 10, со што би се поврзала Централна Европа со Медитеранскиот басен. Мицкоски рече дека тоа е апсолутен приоритет на македонската влада.

Сепак за целосно да се заврши овој коридор, како што најави, Мицкоски, ќе се бараат и средства од земјите-членки на ЕУ за негова реализација.

Србија која  ја звршува едната делница од брзата пруга за поврзување со Унгарија, при што очекуваат Будимпешта да го заврши својот дел за три години, сепак за целосно заокружување на овој крак смета дека е неопходно поврзувањето и со Македонија.

Мицкоски денеска зборувајќи за инфраструктурното поврзување на Македонија рече дека патното поврзување на Коридорот 10 е горе доле завршено, останува да се реализира Коридорот 10д, а рече дека се реализира и Коридорот 8. Во делот на железничкото поврзување, Мицкоски изјави дека за Македонија ист приоритет имаат и Коридорот 10 и Коридорот 8, односно поврзувањето и со Србија и со Бугарија, иако за железничкото поврзување со Бугарија претходниот став беше дека е слепа улица.

Тамара Грнчароска