Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ердоган пред ОН: Како што Хитлер беше запрен од сојузот на човештвото, така и Нетанјаху мора да биде запрен

/

пред 757 дена

Сподели преку :

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во говорот пред Генералното собрание на ОН ги повика Обединетите нации да воведат присилни мерки против Израел, вклучително и употреба на сила.

Ердоган реагираше на нападите на Израел врз Либан и цели на Хезболах кои почнаа вчера, и направи неколку споредби со Втората светска војна.

  • Како што Хитлер беше запрен од сојузот на човештвото, така и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата мрежа на убиства мора да бидат запрени од сојузот на човештвото, рече Ердоган.

Тој ги обвини САД дека „продолжуваат да го вооружуваат Израел за да можат да продолжат со масакрите додека јавно се преправаат дека повикуваат на прекин на огнот“.

  • До кога ќе можете да го поднесувате срамот да бидете сведоци на овој масакр? Земјите кои го поддржуваат Израел се отворено соучесници во овој масакр, им рече Ердоган на САД и на западните сојузници.