Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е свртена нова страница на историјата, откако Курдската работничка партија, на симболична церемонија во северниот дел на Ирак, почна со положување на оружјето. Потегот се смета за прв конкретен чекор за ветеното разоружување, како дел од мировниот процес, а Ердоган го оцени како победа.
Курдската работничка партија во мај најави откажување од воениот конфликт и распуштање за крај на четиридецениското непријателство со Турција. Таквиот потег дојде по апелот на нејзиниот лидер Абдула Оџалан, кој од 1999 година е затворен на остров во близина на Истанбул, да се свика Конгрес и формално да се разоружи и распушти.











