Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ерменија официјално ја призна Палестина

/

пред 853 дена

Сподели преку :

Ерменија официјално ја призна Палестина. Републиката се приклучи на резолуциите на Генералното собраие на Обединетите Нации, со повик за прекин на огнот во Газа.

Освен за Газа, повикуваат и на мир во Блискиот Исток, за да има трајно помирување на еврејскиот и палестинскиот народ. Од МНР во Ерменија велат дека ова признавање е резултат на нивната посветеност на меѓународното право, принципите на еднаквост и суверенитет.

,, Катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа и тековниот воен конфликт се едно од примарните прашања на меѓународната политичка агенда што бара решение. Република Ерменија категорично го отфрла таргетирањето цивилна инфраструктура, насилство врз цивилното население и земање заложници и заробени цивили за време на вооружен конфликт, и се придружува на барањата на меѓународната заедница за нивно ослободување без предуслови. Врз основа на горенаведеното и потврдувајќи ја својата посветеност на меѓународното право, и принципите на еднаквост, суверенитет и мирен соживот на народите, Република Ерменија ја признава државата Палестина’’ – соопшти МНР на Ерменија.

Палестинската управа која спроведува ограничена самоуправа на Западниот Брег под израелска воена окупација, ја поздрави одлуката на Ерменија. Реакција на оваа одлука имаше и генералниот секретар на извршниот одбор на Палестинската ослободителна огранизација Хусеин Ал Шеик.

,,Тоа е победа на правото, легитимитетот и борбата на нашиот палестински народ за ослободување и независност’’ – објави Хусеин Ал Шеик, генерален секретар на Палестинската ослободителна организација на социјалните мрежи.

Ерменија со овој чекор го следи примерот на Словенија,Шпанија, Ирска и Норвешка. Според републиките, ова е обид да се пренасочи вниманието за наоѓање политичко решение за војната на Блискиот Исток. Словенечкиот парламент на почетокот на овој месец гласаше за признавање на Палестина. На оваа одлука , Израел имаше бурни реакции.

Марија Коцева