Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
Ископ на јаглен, РЕК Битола

ЕСМ го раскина договорот со Марковски компани, па во четири очи склучи со негов подизведувач

/

пред 652 дена

Сподели преку :

АД ЕСМ потпиша договор во четири очи вреден над 70 милиони денари, односно до 1 милион и 150 илјади евра, со фирмата „Топлина“ од Подмоље за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во рудникот Брод-Гнеотино во РЕК Битола. Договорот е резултат на итна постапка, со претходна согласност од Бирото за јавни набавки. Во ЕСМ велат дека на постапката за преговарање биле поканети пет компании кои во изминатите години се јавувале на тендерите за ископ.

„Итноста се должи на потребата од обезбедување на доволни количини на јаглен за континуирано производство на електрична енергија во термоелектраните „Битола“- согласно планот за производство“, велат во ЕСМ.

Во ЕСМ велат дека компанијата понудила 15 отсто пониска цена во споредба со претходниот оператор Марковски компани, со кој РЕК Битола ја раскина соработката поради непочитување на обврските. Министерката за енергетика вели дека веќе е распишан тендер за ископ, а договорите во четири очи нема да бидат пракса.

„Единствено што знам е дека е 15 проценти пониска цената, односно сега е 49 денари за гигаџул. Има распишан тендер и ова е само договор кој е моментален. Ова нема да биде пракса во понатамошните набавки, туку ова е само за да се премости овој период, бидејќи како што знаете, договорот со Марковски беше раскинат. Повеќе информации ќе имам после РЕК Битола, меѓутоа ова секако нема да биде пракса. Ќе има транспарентни тендери, кои ќе бидат распишани и секако се надеваме на пониски цени од тие што беа“, изјави министерката Сања Божиновска при посетата на Битола.

Сепак, гледајќи ги двата договори, не може да се направи споредба за да оцени дали цените се пониски. Во раскинатиот договор вреден 46 милиони евра, Марковски компани ископуваше јаглен и јаловина за 129,7 денари по гигаџул, без ДДВ. Во овој договор со Топлина, ископаниот јаглен се плаќа по енергетски единици, а јаловината посебно по кубен метар. Така, во сегашниот договор, ЕСМ ќе плаќа за ископаниот јаглен многу поевтино, односно по 49 денари за гигаџул без ДДВ, но за ископаната јаловина ќе плаќа посебно по скоро 213 денари за метар кубен.

Токму Топлина од Подмоље, заедно со уште две струмички фирми – СИМ инженеринг“ и „Јавор транс“, кои се поврзуваа со луѓе блиски до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев, беше подизведувач на Марковски компани во раскинатиот договор.

Марковски компани го доби тендерот од 46 милиони евра лани во февруари, но по промената на власта, новото раководство на РЕК Битола минатиот месец го раскина поради непочитување на обврските.

Срѓан Стојанчов