Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ: Од 15 октомври започнува грејната сезона

/

пред 372 дена

Сподели преку :

Грејната сезона за корисниците приклучени на системот за централно греење во Скопје официјално започнува на 15 октомври, соопшти АД ЕСМ.

Според регулативата, испораката на топлинска енергија може да почне и порано, доколку средната дневна температура падне под 12˚С.

На веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации дали се исполнети условите за старт на греењето, врз основа на податоците од УХМР и одлуките на Регулаторната комисија за енергетика.

Од ЕСМ апелираат граѓаните навремено да ги завршат сите поправки на внатрешните инсталации и да обезбедат пристап до топлинските станици, како и редовно снабдување со електрична енергија, со цел непречено стартување на системот.