ЕСМ останува во рацете на Влада, а МЕПСО оди под министерство за енергетика. За проблемите во енергетскиот сектор, министерката Божиновска во интервју за РСЕ вели дека секторот е во тешка состојба, но смета дека има многу поголем криминал во државните електрани од оние 6,5 милиони за истрагата со адитивите во РЕК Битола.











