Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ продава само ноќни вишоци електрична енергија по цена од 250 до 320 евра за мегават часови

/

пред 1513 дена

Сподели преку :

EСМ реагира дека компанијата продава само ноќни вишоци електрична енергија, кои остануваат во периодот 02-07 часот и кои произлегуваат од работењето на термоелектраните во најнизок режим на одржување во текот на ноќта, до засилено производство на почетокот на денот.

„Цените на таа ноќна енергија се движат од 250 до 320 евра за мегават час.  Ноќната енергија нема врска со базната и пиковата енергијата чии цени достигнуваат до 700 евра, односно тоа се различни работи. Купувачи на ноќните вишоци се сите стопански субјекти кои имаат потреба од струја во текот на ноќта или трговци со струја“ – се вели во реакцијата на компанијата.

АД ЕСМ работи максимално, согласно моменталните капацитети и ресурси, и целосно ги задоволува потребите на граѓаните и малите потрошувачи, за кои и има законска обрска,  додава компанијата.