Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ Продажба денеска ќе објави нов повик за набавка на гас за март

/

пред 1332 дена

Сподели преку :

ЕСМ Продажба денеска ќе објави повик за набавка на нови количини на гас за месец март. Цените во Европа достигнаа и до 49 евра за мегават час, а кај нас за гасот се плаќа двојно повеќе, односно за февруари, цената изнесува 98,7 евра за мегават час. Но, од компанијата велат дека на цената на гасот има и екстра трошоци за државни такси, закуп на капацитети и маржи за трговците.

За цените на берзите велат дека се индикативни и ги користеле како основа за преговори за набавка. Во дописот од компанијата се наведува дека и во повикот за март, фиксната цена ќе остане задолжителна. Иннку, за првите два месеци од годинава, гас за земјава испорачува бугарската фирма „Јутилитис“. Досегашните пресметки на крајните цени покажаа дека со склучувањето на договрите со фиксна цена, за двата месеци ќе се плати поскапо.