Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Етничките разлики во минатото, а подобриот живот во фокусот – македонската и косовската Влада потпишаа меморандуми за соработка

/

пред 685 дена

Сподели преку :

Со акцент на економијата и во духот на добрососедството, помина денешната прва меѓувладина седница помеѓу македонската влада и косовската.

Дефинирана е целта – следната година трговската размена да биде над половина милијарда евра, а економската соработка да се зајакнува на секое поле.
Во енергетиката, фокусот ќе биде ставен на изградбата на двата северни интерконектори за гас. На тоа се однесува првиот потпишан меморандум, како и за други иницијативи за соработка за јаглен и електрична енергија.

Вториот протокол е за поефикасно гранично управување – еднаш да се застанува на Блаце и побрзо да се минува границата. Со ова ќе се регулираат граничните проверки и царински контроли, системите ќе бидат вмрежени, информациите навремено достапни за државните служби.
Третиот потпишан документ се однесува на размената на искуства за стручното образование и обука.

Има политички центри кои работат на подгревање на меѓуетнички тензии, кажа косовскиот премиер Курти.  Етничките теми се актуелни затоа што нив ги отвораат политичари на кои им недостасуваат идеи, а сакаат да добијат внимание во јавноста – се надоврза премиерот Мицкоски.
Двајцата повикаа етничките разлики да бидат оставени во минатото, а во иднина политиките да бидат насочени кон подобар живот за граѓаните.

Денешната посета во Приштина започна со интонирање на македонската и косовската химна и со највисоки почести. Веднаш потоа, се одржаа тет-а-тет средби помеѓу двајцата премиери Мицкоски и Курти, а се сретнаа и министрите од соодветните ресори.

Петар Догов