8- сптмвери забележан и од странките челници на држави, дипломати и ЕУ функционери.
По, претседателот на европскиот совет Антонио Кошта, честитка и од Марта Кос за Денот на независноста. Европската комесарка за проширување во објава на „Икс“ напиша:
„Цврсто го поддржувам вашиот пат за приклучување кон нашата Унија. Ние сме со вас на секој чекор од тој пат, наведе Кос во честитката.
Амбасадата на Соединетите Американски Држави преку објава на „Фејсбук“ упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на државава.
– Честит ден на независноста… Оваа година е особено значајна бидејќи одбележуваме и 30 години дипломатски односи меѓу нашите земји. Во текот на три децении, изградивме силно партнерство – работејќи заедно во дипломатијата, безбедноста, образованието, културата и друго, се посочува во честитката од Амбасадата на САД.











