Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ го отвори пристапните преговори со Украина – одржана прва меѓувладина конференција

/

пред 849 дена

Сподели преку :

Европската унија (ЕУ) денеска ја одржа првата меѓувладина конференција на министерско ниво за отворање на пристапните преговори со Украина. Министерката за надворешни и европски работи на Белгија, Адја Лабиб, која ја предводеше делегацијата на ЕУ, нагласи дека денешниот ден е „историски за Украина и за ЕУ“.

„Патот до оваа точка беше предизвикувачки и одлучноста на Украина да преземе неопходни реформи беше навистина импресивен“, рече Лабиб и додаде дека пристапните преговори ќе бидат „ригорозни“.

Како што се наведува во соопштението, ЕУ ја повтори одлучната осуда на руската војна во Украина и порача дека е подготвена да продолжи да ја поддржува Украина и нејзиниот народ во војната „толку долго колку што ќе трае и колку е потребно“.