Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ го породолжи режимот на санкции поврзани со БиХ до март 2026 година 

/

пред 942 дена

Сподели преку :

Советот на ЕУ денеска одлучи да го продолжи режимот на рестриктивни мерки кон лица кои со своите постапки ги загрозуваат суверенитетот, интегритетот и безбедноста на Босна и Херцеговина за уште две години до 31 март 2026 година.

Со ваквата одлука Европската Унија ќе може да воведува санкции кон поединци или субјекти кои ги поткопуваат суверенитетот, територијалниот интегритет, уставниот поредок и меѓународниот карактер на Босна и Херцеговина и кои сериозно ја загрозуваат безбедносната состојба во земјата или го поткопуваат Дејтонскиот мировен договор.

На санционираните опфатени со овој режим им е замрзнат имотот во ЕУ и е забрането да им се ставаат на располагање средства, а дополнително на физичките лица им се збранува влез во Унијата.

Одлуката за воведување режим на рестриктивните мерки поврзани со ситуацијата во Босна и Херцеговина е донесена на 21 март 2011 година.