Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ го продолжи користењето на европските сертификати за ковид за уште една година до јули 2023 година

/

пред 1573 дена

Сподели преку :

Правилата на Европската унија за дигитални сертификати за коронавирус ќе останат во сила уште една година поради тековната пандемија, јави ДПА.

Претставниците на Европскиот парламент и владите на земјите-членки синоќа се согласија да ги продолжат правилата до 30 јули 2023 година, соопшти француското претседателство со Советот на ЕУ, додавајќи дека прописите би можеле да бидат укинати порано доколку ситуацијата дозволи.

Сертификатите се наменети да го олеснат слободното движење на луѓето за време на пандемија.

Користејќи го QR-кодот, сертификатите даваат информации за тоа дали некое лице било вакцинирано против КОВИД-19, дало негативен тест или боледувало од болеста, јави ДПА.