Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ иницира мисија за обнова на стабилноста и безбедноста во Црвеното Море по нападите на Хутите

/

пред 1012 дена

Сподели преку :

Како одговор на илегалното и опасно однесување на Хутите кои вршат напади со ракети и дронови врз трговски бродови во Црвеното Море, ЕУ иницираше меѓународна координација за нивно запирање и започна процес за создавање на мисија за обнова на безбедноста во тој реон, изјави денеска портпаролот на европската Комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

„Европската Унија интензивно работи со своите партнерите и ги координира меѓународните напори за запирање на ова неприфатливо прекршување на меѓународното право, што ги доведува во опасност слободата и безбедноста на пловидбата во Црвеното Море“, нагласи Стано.

Тој истакна дека меѓу земјите членки на ЕУ веќе се започнати разговори за отпочнување на европска мисија за обнова на безбедноста и сигурноста на поморската пловидба во Црвеното Море, кои, како што рече, засега се од доверлив карактер на политичко и безбедносно ниво и не може да изнесе детали за нив.

„Остро ги осудуваме нападите врз трговските бродови од страна на Хутите и бараме овие незаконски акции да запрат веднаш“, додаде Стано.

Тој во понеделникот информира дека независно од тоа што некои европски земји придонесуваат во операцијата „чувар на просперитетот“, предводена од САД, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел предложил иницијатива за отпочнување на специјална европска мисија за обнова на стабилноста и безбедноста на пловидбата во Црвеното Море, за што веќе ги информирал лидерите на земјите членки на унијата.