Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ ја охрабрува Македонија кон натамошна интеграција

/

пред 305 дена

Сподели преку :

Советот на ЕУ, преку „Заклучоците на Данското претседателство за проширувањето“, ја поздравува Македонија за доследната соработка во надворешната политика и усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијатa.

Советот ја истакнува стратешката посветеност на земјата кон интеграцијата во внатрешниот пазар на ЕУ и ја охрабрува да продолжи со реформите, особено преку спроведување на Планот за раст и Механизмот за реформи и раст. Во документот се нагласува важноста од добрососедски односи, регионална соработка и целосно спроведување на билатералните договори, вклучувајќи ги Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија.

Советот повикува на брзи реформи во владеењето на правото, судството, борбата против корупцијата, јавната администрација и заштитата на правата на малцинствата, како и усвојување на нов Кривичен закони. Дополнително, Советот ја поздравува соработката во управувањето со границите, напредокот во економијата и инфраструктурните проекти, како железничката врска по Коридор 8.