Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ подготвува мерки против Маск и неговата социјална мрежа „Икс“

/

пред 560 дена

Сподели преку :

ЕУ подготвува големи казни против социјалната мрежа „Икс“, во сопственост на Илон Маск, објави „Њујорк Тајмс“.

Според изданието, причина за казните е кршењето на законот за борба против незаконски содржини и дезинформации.

Европскиот совет сè уште мери колку ќе биде казната, но изворите на весникот велат дека таа би можела да надмине 1 милијарда долари бидејќи регулаторите сакаат да постават пример за другите компании користејќи го примерот на „Икс“.

Истовремено, не може да се исклучи опцијата за мирно решение доколку социјалната мрежа се согласи да ја промени својата политика.