Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ сака да ги измени договорите со „Фајзер“ за да се намалат испораките на вакцини за Ковид-19

/

пред 1572 дена

Сподели преку :

Владите на Европската унија го засилија притисокот врз Фајзер и другите производители на вакцини повторно да преговараат за договорите, предупредувајќи дека милиони дози вакцини кои повеќе не се потребни ќе пропаднат.

За време на најтешката фаза на пандемијата на коронавирусот, Европската комисија и европските влади, стравувајќи од недостиг, се согласија да купат големи количини вакцини, главно од американскиот Фајзер и партнерот Бионтех од Германија. Откако пандемијата престана во Европа и се забави вакцинацијата, многу земји сакаат измени на договорот за да се намалат пратките, а со тоа и нивната цена. Прашањето беше дискутирано на состанокот на министрите за здравство на ЕУ во Луксембург, иако ЕК останува внимателна околу тоа што може да се постигне.

Полска, земја која води во повиците за ревизија на договорот, има на залиха повеќе од 30 милиони дози вакцина, а според постоечкиот договор треба да купи уште 70 милиони дози, изјави полски дипломат.

Полска има речиси 38 милиони жители, а 60 отсто од нив се целосно вакцинирани, не вклучувајќи ги „бустер“ дозите.

Во ЕУ просекот е 70 проценти.

Во писмото до ЕК претходно овој месец, полскиот министер за здравство Адам Ниџиелски и неговите колеги од Хрватска, Бугарија, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија и Романија повикаа на „намалување на количината“ на нарачаните вакцини.