Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ за првпат произведе повеќе струја од ветер и сонцe

/

пред 255 дена

Сподели преку :

Обновливите извори на енергија во Европската Унија (ЕУ) минатата година за првпат произведоа повеќе електрична енергија, отколку фосилните горива, покажуваат податоците на енергетската група „Ember“. Ветерот и сонцето генерираа 30 проценти од струјата во ЕУ, додека јагленот, гасот и нафтата обезбедија 29 проценти.

Комбинираниот удел на нуклеарната и обновливата енергија достигна 71 процент, додека јагленот падна на рекордно ниски 9,2 проценти. Сепак, проблемот останува инвестирањето во електрични мрежи, поради што понекогаш производителите на ветер и сонце мора да го прекинат производството за да се избегнат преоптоварувања.

Експертите апелираат до ЕУ да вложи повеќе во мрежи и батерии за да се стабилизираат цените и да се обезбеди поефикасна испорака на чиста енергија.