Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕВН ќе им ја исклучи струјата на фирмите „шемаџии“ ако до 1-ви не се вратат на отворен пазар

/

пред 1425 дена

Сподели преку :

Доколку големите профитери кои се на регулиран пазар и црпат евтина струја наменета за домаќинствата и малите компании од први декември не се вратат на отворен пазар ЕВН ќе им ја исклучи електричната енергија.

Надлежните за Телма велат тие треба да одговараат за злоупотреби во плакањето на ДДВто затоа што  данокот за струја на регулиран пазар е 5 отсто а на отворен пазар ставката е повисока со што го оштетиле државниот буџет со милионски суми. Надлежните повторно не ја откриваат листата но кажаа дека станува збор за ланец маркети, мобилни оператори, казина, аптеки големи индустриски капацитети, општини…

Во однос на цените на прехрамбените производи посочуваат дека веќе може да се забележи намалување на цената на лебот а во наредниот период се очекува да паѓа цената на месото и на другите прехрамбени производи… Апелираат граѓаните да пријавуваат доколку на рафтовите нема промена на цените…