Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕВН ќе мора да влезе во населени места и на терен да сетира околу 650 илјади броила – течат роковите до враќањето на евтината тарифа

/

пред 1204 дена

Сподели преку :

Течат роковите за ЕВН и сега следуваат подготвителните активности за повторно воведување на евтината тарифа на електрична енергија.

Податоците покажуваат дека 170 илјади броила се контролирани преку далечинска комуникација. Околу 650 илјади броила ќе треба да се сетираат на терен од страна на екипите на Електродистрибуција.

Од ЕВН за Телма велат дека планот за сетирање на броилата секогаш навремено се реализира. Но, пред три недели, екипите на ЕВН не можеа да санираат дефект во Арачиново, поради отпор на тројца арачиновци, познати на надлежните за нелегално користење на услугите. Една недела траеше натегањето.

Проблеми имаше и во Слупчане, каде што жителите не дозволуваа екипите да ја реконструираат и модернизираат дистрибутивната мрежа, со барање за отпис на каматите за да ги платат долговите.

Инаку, евтината тарифа на струјата се враќа на први декември, според одлуката на регулаторите. Ќе важи во периодот од 13 до 15 часот.

Сетирањето на броилата ќе се спроведува според претходно утврден план. Но, важно е да се напомене дека во вакви ситуации корисниците треба да им овозможат пристап до броилата на екипите на Електродистрибуција, соопштија од компанијата.

Претходно, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи. Иако Регулаторна ги намали цените на струјата во сите четири блока, враќањето на ДДВ-то за струја од 10 на 18 проценти од 1 јули ќе ги покачи сметките на граѓаните, бидејќи влијае со над 7 отсто во вкупната цена на електричната енергија.

Па така, намалување и тоа незначително од 0,3 отсто ќе има само во првиот блок, додека во останатите три блока цената на струјата ќе поскапи и од од 2,3 до 9,9 проценти во зависност од блокот.

Петар Догов