Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕВН: Снабдувањето со електрична енергија се очекува да се нормализира за околу еден час

/

пред 821 дена

Сподели преку :

„Екипите на Електродистрибуција и МЕПСО напорно работеа цела ноќ за да го поправат дефектот кој настана како резултат на вчерашното силно невреме кое го зафати Скопје. Во тек е постапка за пуштање под напон на корисниците кои се засегнати од прекинот, а снабдувањето се очекува да се нормализира за околу еден час“, соопштуваат од ЕВН Македонија.

Од компанијата изразуваат голема благодарност до МЕПСО и ЕЛНОС Скопје за несебичниот ангажман и дадената поддршка во вакви кризни и итни состојби. Благодарност и до корисниците за покажаното разбирање и трпение.

Повеќе од 12 часа делови од Скопје се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град.

Повеќе од 10 часа делови од Скопје без струја по невремето