Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европска награда за истражувачко новинарство за КОД доделена во Тирана

/

пред 1424 дена

Сподели преку :

За емисијата за сообраќајни несреќи со жртви и загинати кои завршуваат со условни казни, тим новинари на КОД на Телма доби трета награда за истражувачка сторија на конкурсот на ЕУ.

Во емисијата се обработени повеќе случаи на сообраќајни несреќи со загинати во кои виновниците од обвинителите биле гонети за полесни дела, а судиите или пресудувале условни казни или ги поништувале затворските пресуди на повисок степен.

Истражувањето го реализираа новинарите Снежана Лупевска Созен, Билјана Николовска, Емилија Мисирлиевски и Миомир Серафиновиќ.

На доделувањето на наградите во Тирана, за најдобра истражувачка сторија беше избрана „Софтверот на Рашковски за сообраќајни казни” на новинарката Ирена Каревска, објавена на 360 степени.

По откритието на злоупотребите на поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски беше отворена истрага која резултира со обвинение и судски процес кој е во тек.

Втората награда на ЕУ за истражувачко новинарство ја доби Мирослава Бурнс (објавена во „Слободен печат“) за приказната за родилката Јалдз Веапоска, чии внатрешни органи беа извадени по грешка за време на гинеколошка интервенција по што беше утврдено дека станува збор за лекарска грешка.