Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европската комисија подготвена за сите сценарија околу американските царини

/

пред 466 дена

Сподели преку :

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ЕУ е подготвена за сите можни сценарија во врска со потенцијалното воведување американски царини, додека се чека исходот од преговорите со САД.

Таа нагласи дека Унијата преферира договорено решение, но дека ќе остане цврста во одбраната на европските интереси.

Во отсуство на договор, ЕУ е подготвена да одговори со контрамерки, вклучувајќи царини на американски производи како говедско месо, делови за автомобили, пиво и авиони од типот „Боинг“.

Фон дер Лајен додаде дека имала конструктивен разговор со претседателот Доналд Трамп и дека е можно продолжување на рокот за договор.