Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европската унија со реакција за годишниот говор на рускиот претседател Путин

/

пред 968 дена

Сподели преку :

Европската комисија со реакција за годишниот говор на рускиот претседател Владимир Путин. Според официјален Брисел, заканите за употреба на нуклеарно оружје се неприфатливи. Портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано тврди дека шефот на Кремљ се обидува преку залажување на народот да си обезбеди уште еден претседателски мандат на претстојните избори.

„Обраќањето накусо може да се сумира на тоа дека тој го залажува народот, кој живее под железна тупаница како во времето на сталинизмот. Армијата е во катастрофална состојба, економијата е блокирана, кредибилитетот на земјата е целосно уништен и неговите досегашни напори за уништување на Украина се неуспешни“, заклучи Стано.

Во меѓувреме, Европскиот парламент усвои резолуција против политичкото угнетување на Русија и смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални којшто ќе биде погребан утре во Москва.